Иако некои зборови имаат исто значење во многу земји сепак добро е да се биде внимателен и да се провери.
Имајќи предвид дека повеќето Македонци се служат со англискиот јазик за да се разберат во странство и корените на овој јазик го користат во изразувањето, сепак треба да се биде внимателен, со цел некои навидум јасни зборови да не предизвикаат навреда или да го потценат соговорникот.
Португалија
Во земјите од португалското говорно подрачје зборот „ашистир“ не значи асистирање (помош), туку набљудување, а поимот „constipacao“ не означува проблеми со варењето и затвор, туку студ, пишува „Телеграф“. Зборот „puxe“ е вообичаен на вратите на продавниците и иако се изговара како англискиот збор „push“, односно туркање, тој всушност значи „повлечи“. Со зборот „esquisito“, кој звучи слично како англискиот збор „exquisite“ треба да се биде особено внимателен, бидејќи не значи сјајно, туку чудно. Истото важи и за зборот „corner“, кој во овие земји е вулгарен назив за женските интимни делови.
Русија
Во Русија најмногу недоразбирања предизвикива зборот „лунатик“, кој го поврзуваме со лудак, но тој означува месечар. До забуна може да дојде и поради зборот „оператер“ со кој не се мисли на телефонски оператор, туку на камерман. Исто така иако звучи како кавијар, рускиот збор „ковјор“ значи тепих.
Кореја
Во источноазиските јазици многу англиски зборови се одомаќиниле, особено во трговскиот речник, Меѓутоа многу од нив се споени со изворните зборови, што им дава сосема поинакво значење. Така на пример ако Кореецот каже дека живее „апарт“ тоа всушност значи дека живее во стан, а не одвоен од семејството. Во рестораните треба да се избегнува барањето на услуги или „сервис“, бидејќи тоа симболизира бесплатна услуга или промотивен производ. Корејците пишуваат со пенкало, кое го нарекуваат „шарп“, но овој збор не значи „остар“.
Шпанија
Многу шпански и англиски зборови звучат слично, но тоа не значи дека имаат и исто значење. така шпанскиот збор „embarazada“ значи бремена, додека мошне сличниот англиски збор „embarassed“ означува срам. На ист начин можат да се помешаат зборовите „molestar“, што на шпански значи некому да досадуваш и англискиот „molest“ што значи сексуално злоупотребување. Бургер од соја не е „soy burger“, бидејќи „soy“ на шпански значи „јас сум“, а „advertencia“, што звучи како англискиот „advertisement“, односно реклама означува предупредување.
Шведска
Англискиот збор „gem“ (скапоцен камен) во Шведска значи спајалица, а „пенсел“ не значи „pencil“ (молив) туку четка за боење. По ручекот не е пристојно да се каже дека сте полни, особено не на англиски јазик, бидејќи „full“ значи грдо.
Турција
Иако Турците се познати по своето гостопримство, не треба да се претерува со поздравите. Англискиот „hi“ и турскиот збор „hiya“ звучат слично, но нивното значење е сосема различно. Првиот означува поздрав, а вториот тестиси. Исто така до забуна може да дојде и поради „туна“. Имено овде не станува збор за риба, туку тоа е едно од најчестите турски машки имиња, што во превод значи Дунав. Збоот „газино“ иако слично на англискиот „casino“ означување кафе, а „бир“ е бројот еден.
Германија
Иако зборот „rat“ на англиски значи стаорец или кодош, во Германија Rathaus значи Парламент. До слични недоразбирања може да дојде и меѓу поимите „bekommen“ и англискиот „become“, што во германскиот јазик значи да се добие нешто, а во англискиот да се стане нешто. Збунетост предизвикува и германскиот збор „gift“, идентичен на англискиот подарок, само на германски значи отров.
Јапонија
И во јапонскиот јазик англиските зборови одамна се усвоени и прилагодени. Збунувачки е зборот „феминисутно“, кој не укажува на борец за правата на жените, туку на маж, кој им угодува на жените. Англискиот збор „about“, кој значи отприлика, близу, во близина или околу, во јапонската модификација абауто значи мрзеливост. Чувајте се и од зборот „manshon“, особено доколку барате стан во Јапонија, бидејќи тоа не го означува англискиот „mansion“, туку апартман.
Франција
И додека на англиски јазик зборот „demand“ значи барање, францускиот „demande“ се однесува на молба.
Норвешка
Шопингот во Норвешка може да предизвика збунетост, особено кај мажите кои нема да сакаат да облечат „dress“, иако можеби ќе трагаат по него. Англискиот „dress“ е фустан, но на норвешки значи машко одело. Зборот „dog“ на норвешки не значи куче, туку „како и да е“. Доколку нарачете appelsin, што можеби ве потсетува на англиската јаболка, ќе добиете сок од портокал, а не од јаболка. Како и во Шведска и во Норвешка зборот „full“ има поинакво значење, отколку во англиското говорно подрачје. „Full“ во Норвешка значи пијан, а „aktor“ значи јавен обвинител, а не актер. Доколку патувате со автомобил по Норвешка, треба да внимавате бидејќи „gate“, кој е англиски израз за излез, на норвешки значи улица, а излез на норвешки е „port“.