Заврши во ќелија со маж кој ја силуваше неговата сестра – го уби и доби уште 25 години затвор

Од:

Затвореникот Шејн Голдсби (26) е осуден на дополнителни 25 години затвор за убиство на затвореник со кого делел ќелија.

Затвореникот е осуден за силување на неговата сестра. Голдсби беше осуден оваа недела за убиството на Роберт Мунгер (70), што се случи во затворот во Вашингтон во јуни минатата година. Според Њујорк пост, на Голдсби „му се спиле жиците“ кога Мангер почнал да му ги прераскажува деталите за силувањето на неговата сестра.

“Толку многу работи ми се случуваа во главата тогаш. Не бев стабилен, тој ме провоцираше цело време со фотографии и снимки за тоа што го направи”, рече Голдсби на суд, а тоа подоцна се покажа како вистина.

Претходно, младиот човек, кој беше осуден за кражба на полициски автомобил и возење низ градот, побара да биде префрлен во друга ќелија за да избегне конфликт, но од затворот велат дека не знаеле дека постои врска помеѓу затворениците. Според доказите доставени во судот,

Голдсби го нападнал Мунгер во заедничките простории, го удрил во лицето 14 пати и уште четири пати го згазнал по главата.

„Се извинувам на неговата сопруга и семејството“, рече Голдсби.

„Се надевам дека ќе успеете да ја надминете болката што ја предизвикав“, напиша Голдсби во писмото.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Веруваме дека нема преживеани, се префрламе на пронаоѓање и извлекување тела“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 тела извлечени од реката, авионот преполовен

Катерина Ѓуровски

Во авионот што се урна биле и поранешни светски шампиони во уметничко лизгање Шишкова-Наумов

Катерина Ѓуровски

Трамп: Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимка од моментот на удар меѓу авионот и хеликоптерот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Патнички авион се судри со Black Hawk над Вашингтон, се извлекуваат тела од реката Потомак

Катерина Ѓуровски