Заврши проектот „Против насилство – под исто небо“

Од:

Со модна ревија на традиционални облеки, изложба на цртежи и рачни изработки ООУ „Лазо Трповски“ од Општина Карпош, со своето партнер училиште ООУ „Лирија“ од Општина Чаир, вчера во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје, ја заокружија завршницата на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, со наслов „Против насилство – под исто небо“.

– На манифестацијата беше прикажан краткиот филм „Под исто небо“ во режија на Јане Алтипармаков, и беа изложени фотографии од Наташа Гелева. На овој начин низ аудио-визуелна техника беа илустрирани досегашните заеднички активности на учениците, кои тие ги реализираа во рамки на проектот, соопштија од општина Карпош.

Комисијата ги прогласила тројцата наградени ученици на литературниот конкурс распишан на национално ниво на мајчин јазик, кои напишаа творби на тема „Против насилство – под исто небо“. Првата награда ја освои Марија Антониева од ООУ „Вера Циривири Трена“ (Општина Карпош), второнаградена беше Деа Сулејмани од ООУ „Лирија“ (Општина Чаир), а Васил Наумовски од ООУ „Димо Хаџи Димов“ ја доби третата награда.

Како што велат координаторите на проектот – Татјана Бошковиќ и Соња Јовановска, манифестацијата има за цел да ја донесе пораката за успешна соработка меѓу сите учесници во проектот, за умешноста на соживотот и придонесот на секоја индивидуа во она што значи живеење под исто небо.

Проектот „Против насилство-под исто небо“, го реализираа Младинскиот центар за еднакви можности и неформалната група граѓани поддржани од програмата Цивика мобилитас.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира