Кафето може да не разбуди, но и да не утеши кога сме депресивни или нервозни.
Омилен утрински ритуал на повеќемина кои доколку наутро не се напијат топло кафе, цел ден потоа се вознемирени, раздразливи или уморни.
Кофеинот го стимулира мозокот да произведува допамин. Допамин позитивно влијае на расположението и не чува од депресијата. Затоа и потрошувачката на кафе е на високо ниво во земјите каде што нема многу сонце, како што се на пример Скандинавските земји.
Некои научни стиудии укажаа дека тие што пијат кафе се повеќе позитивни и немаат проблеми поврзани со Алцхајмерова болест, отколку оние кои не пијат кафе.
И додека ние се чувствуваме подобро, благодарение на допаминот, тој ја стимулира активноста на мозокот кој пак ја активира надбубрежната жлезда, а таа лачи адреналин. Многу лесно е човек да се навлече на адреналинот, запрашајте само како му е на некој коцкар или екстремен спортист. Адреналинот го задржува кортизолот и во моментот кога ќе попушти се случува антиефектот, односно хроничниот замор.
Полезноста на кафето никој не може да ја негира, затоа што таа е докажана. Но, прекумерно пиење во комбинација со стресот на работа доведува до сериозни здравствени проблеми. Организмот на човек може да се навикне и целосно да стане имун на неговите благодети.
Затоа не треба да се претерува. Ако почне да ве били главата од прекумерно пиење кафе, обидете се да го заменете со некој друг пијалок, зелен чај на пример, или кафе без кофеин. Така повторно ќе можете да уживате во онаа топла и мирисна убава утринска напивка, која наутро ќе ви го разубави денот.