Социјалната мрежа Фејсбук информираше дека нејзините приходи за третиот квартал од 2017 година пораснале за 47 проценти и изнесуваат 10,3 милијарди долари.
Чистата добивка на компанијата изнесувала 4,7 милијарди долари, скок за 79 проценти.
Според извештајот на компанијата, 88 проценти од приходите доаѓаат од корисниците на мобилни уреди. Безмалку целата заработувачка на Фејсбук доаѓа од рекламите објавени на мрежата.