Сите знаеме кои се Тинки Винки, Дипси, Ла-Ла и По, но кои се луѓето кои им ги позајмуваат гласовите? Тинки Винки е професионален балетан и кореограф, Дипси е стенд ап комичар, а Ла-Ла и По работат на детска телевизија.
Телетабиси се обожувани од децата ширум светот. Четворицата јунаци во необично дизајнираните шарени костими со нивните невербални дијалози ги веселат децата. Актерите кои им дадоа живот се Ники Смидли (Ла-Ла), Симон Шелтон (Тинки Винки), Пуи Фан Ли (По) и Џон Смит (Дипси).
Тинки Винки, најголемиот Телетабис е Сајмон Шелтон, кој сега има 47 години. Тој е професионален балетан и кореограф, а вели дека таа улога му донела слава.
– Добивавме писма за поддршка и од деца, но и од родителите. Претпоставувам дека бевме нешто како Битлси или Тејк дет за детската телевизија, рече тој. Шелтон не беше оригиналниот Тинки Винки, првобитно за таа улога предодреден беше Дејв Томпсон, меѓутоа тој направи Тинки Винки да биде геј.
– Луѓето секогаш ме прашуваа дали Тинки Винки е геј. Неговиот лик има само три години, така што прашањето беше смешно, рече Сајмон.
Дипси, кој го прогласија за кул Телетабис, обожува шапки, а го играше Џон Смит (49) кој и денес работи како стенд ап комичар.
Танчерката Ники Смидли (49) гордо ја играше улогата на Ла – Ла, а открива дека иако изгледало дека Телетабиси секогаш се забавуваат, било напорно да се носат тие одела.
Актерката Пуи Фан Ли (40) го играше симпатичниот црвен По. Откако Телетабиси престанаа да снимаат пред 12 години, оваа актерка почна да работи на детската телевизија.