Со проекцијата на футуристичкиот акционен трилер „Looper“ со Брус Вилис започнува Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, најголемиот филмски фестивал во Северна Америка.
До 16-ти септември на фестивалот ќе бидат прикажани 289 долгометражни и 83 краткометражни филмови од 72 земји.
Светски премиери на Фестивалот ќе имаат 146 филмови.
И покрај економската криза и силната конкуренција, Торонто и понатаму е популарен настан кои собира многу ѕвезди.
Оваа година на црвениот тепих, ќе прошетаат Џеки Чен, Том Хенкс, Хали Бери, Роберт Редфорд, Роберт де Ниро, Колин Фирт, Џејмс Франко, Адам Сендлер, Вил Сми и Џони Деп.