Минатата недела во Ванкувер започна продукцијата на новиот филм за познатото чудовиште Годзила.
Режисер на филмот е Гарет Едвардс кој објави и кратко видео од првиот ден на снимањето.
Во главните улоги ќе се појават Арон Тејлор-Џонсон, Елизабет Олсен, Џулиет Бинош, Кен Ватанабе и Брајан Кранстон. Сценариото го напишаа Френк Дарабонт, Макс Борнстеин и Дејв Калахан. Сеуште нема никакви детали за приказната. Godzilla ќе се појави во кино салите на 16-ти мај, следната година.