Започна Октоберфест

Од:

Во Минхен се отвори првото буре пиво, почна музиката и келнерките си ги спремија пивоносачките способности и деколтињата.

Почна 181-виот Октоберфест.

Честа да го отвори првото буре пиво, а со тоа и да го означи почетокот на најголемиот народен фестивал во светот, му припадна на градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, кој со четири удари го отвори бурето. Рекордната бројка на удари за да се скрши шишето била поставена од градоначалникот Кристијан Уде, кому му биле потребни само два удари.

Наводно Рајтер тајно вежбал за да не се посрамоти. И оваа година вештите баварски келнерки ќе носат по десетина кригли во раце воодушевувајќи ги посетителите од Европа, Америка и Австралија, а се очекува да бидат испиени повеќе од 6 милиони литри пиво.

Рекордот за најмногу однесени кригли во едно одење е 27, а рекордот го држи Оливер Штрумпфел. Октоберфест е заштитен знак на Баварија, а се одржува скоро два века, а се почнало со голема трка на коњи за време на свадбата на престолонаследникот Лудвиг Баварски и Тереза Саксонска во 1810-та година.

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година