Заменете ги сликите од бебињата на Фејсбук со домашни миленичиња

Од:

Ако ве заморуваат фотографиите на бебиња на Фејсбук – заменете ги со фотографии на животни

Доколку ви здодеа на Фејсбук и на другите социјални мрежи да гледате слики на бебиња на ваши пријатели – заменете ги со фотографии на животни.

Иако бебињата се слатки и ги обожуваме, родителите понекогаш претеруваат, па на своите Фејсбук и Твитер профили секојдневно „бомбардираат“ со нови фотографии на своите деца. Потоа доаѓаме во ситуација да не можеме ништо да видиме – освен тие фотографии.

Ова не значи дека некој има нешто против бебињата, напротив, туку луѓето би сакале да се одморат малку од „гордите родители“.

Сега и за тоа постои решение – доколку користите Хром Интернет пребарувач, постои додаток, кој сите слики на бебиња и деца на ваши пријатели на социјалните мрежи ги менуваат со фотографии на смешни и симпатични куќни љубимци и ретки животни. Фотографиите не се вулгарни, ниту несоодветни и ќе ви измамат голема насмевка на лицето.

Се што е потребно е да сторите: да одите на www.unbaby.me страницата, инсталирајте го го додатокот Chrome и тоа е се – сите тие слики на бебиња заменети се со нови, шеговити фотографии на животни и домашни миленици.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он