Закерберг лани потрошил 7,3 милиони долари за лично обезбедување

Од:

Основачот и извршен директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг за свое лично обезбедување во текот на 2017 година потрошил 7,3 милиони долари, покажуваат податоците што компанијата ги доставиле до американската Комисија за хартии од вредност.

Трошоците за безбедноста на Закерберг лани се зголемени за околу 50 отсто на годишно ниво, од 4,8 милиони долари во 2016 година,

„Фејсбук“, исто така, имал трошоци од 1,5 милиони долари за користење на приватен авион, во споредба со 870.000 долари за истата цел во текот на 2016 година.

Зголемувањето на трошоците за безбедноста и приватните авиони најверојатно се евидентирани поради последната кампања на Закерберг, кога патуваше во голем број американски држави.

Би можело да ве интересира

Марк Закерберг отпушта 11.000 вработени во „Мета“

Закерберг и неговата сопруга Чан ќе инвестираат 3,4 милијарди долари за развој на науката

Ана Ололовска

Закерберг: Фејсбук го менува името во Мета

А1он

Безос, Маск, Закерберг и Гејтс загубија 25 милијарди долари во еден ден

Жарко Настоски

ВИДЕО: Закерберг со критики за Трамп поради справувањето со коронавирусот

А1он

На денешен ден Закерберг го лансира „Фејсбук“ од неговата соба на Харвард