Зачин што го намалува крвниот притисок

Од:

Доколку ве мачи висок крвен притисок, секако мора да ги промените навиките во исхраната, така што најнапред ќе го намалите внесот на сол и маснотии и ќе го зголемите конзумирањето вода. Но, заедно со веќе познатите совети кои ќе ја спречат појавата на „тивкиот убиец“, ќе ви помогне и еден миризлив зачин.

Доколку ставите два грама (или половина лажичка) цимет во својата дневна исхрана, полесно ќе го контролирате крвниот притисок.

Неколку студии веќе потврдија дека горниот и долниот притисок кај возрасните лица го намалува познатиот зачин – цимет.

– Секако би препорачал циметот да се додаде во секојдневната исхрана, но само тоа нема да ви помогне во намалувањето на крвниот притисок. Исхраната воопшто треба да биде прилагодена на здравствената состојба на организмот. Вежбањето исто така е неопходно, бидејќи активноста ниту еден зачин сигурно не може да ја замени, вели авторот на книгата „The Sooperfoods Rr Diet“ Венди Бразилијан.

Освен во колачите, циметот можете да го јадете за појадок, да го истурите во кафе или јогурт со житарки.

Исто така исецканото овошје, како јаболко или круша, можете да го збoгатите со овој миризлив зачин.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава