Забрането снимање акциски филмови по париските улици

Од:

Локалните власти на Париз одлучија да го забраната натамошното снимање на акциски филмови на улиците на францускиот главен град, објаснуавјќи го ваквото решение со минатомесечните терористички напади.

– Има проблеми со ваквите филмски сцени на париските улици кога актерите се појавуваат во униформи, затоа што може да бидат цел на напад од терористите, изјави полицискиот командант Силви Бернард.

Според неа, актерите може да предизвикаат и конфузија во јавноста,во сегашниот „чувствителен период“ по нападите во јануари.

Бернард соопшти и дека властите забраниле носење и поседување лажно оружје, а забранети се и сите пиротехнички ефекти.

Тензиите во Париз и натаму се високи по нападите на три локации во Париз, кога исламистички терористи убија 17 лица.

Бернард изјави дека не знае до кога ќе трае забраната за снимање акциски филмови низ улиците, багласувајќи дека она што се случуваше во јануарските критични три дена од многума парижани беше опишано како „сцени видени на филм“.

Париз со неговите атрактивни објекти и широки булевари е мошне популарна дестинација за снимање филмови. Само лани во францускиот главен град се снимени 930 филмови, од кои 20 во меѓународни продукции.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата