Забавиште во Копенхаген направено е врз основа на детски цртежи.
Разновидни куќи токму како од детски цртежи се споени со што прават една целина.
Забавиштето Фредериксвеј е најголема установа од тој тип во Копенхаген, а фирмата COBE во 2011 година победила на конкурс за негов дизајн во соработка со компанијата Пребен Скаруп.
Необичната зграда се состои од 11 блокови во облик на куќички.
– Работевме на креирање на едноставен израз како карикатура која илустрира како децата цртаат куќи, вели архитектот Данс Стубергард.