Microsoft бомбастично го најави Surface, последните извештаи покажуваат дека тоа бил многу скапа играчка.
Компанијата во изработката и промоцијата на Surface вложила 900 милиони долари! Меѓутоа најголемиот дел од парите „Microsoft“ ги заработил од старите корисници (782 милиони долари). Тие тоа го сториле со помош на унапредените пакети во најновата верзија на „Microsoft Office“, стои во соопштението од компанијата.
„Microsoft“ минатата недела ја намали продажната цена на „Surface RT“ и со тоа да ја зголемат продажбата пред најавената нова верзија на таблетот, надевајќи се дека така ќе извлечат поголем профит од овој уред.
Сличните уреди кои ги произведува „Apple“, како и оние кои работат на „Аndroid“ (Samsung, Acer) и натаму доминираат на пазарот на таблети, додека уредот на „Microsoft“ има удел од само два проценти.