За прв пат Инстаграм го помина Твитер

Од:

До овој податок се стигна преку истражувањето на компанијата comScore, која објави дека Инстаграм имал 7.3 милиони активни корисници дневно, за разлика од Твитер кој има 6.9 милиони. Просечниот корисник на Инстаграм поминал 257 минути на сајтот, а на Твитер 170 минути, пренесува All Things D.

Разликата може делумно да се објасни и со различната содржина која ја нудат овие два сервиси. За разлика од Твитер, кој е текстуален и е потребно помалку време да се прегледаат содржините, Инстаграм е само со фотографии.

Твитер има повеќе корисници, но луѓето на Инстаграм се враќаат почесто.

За Инстаграм ова е голем успех ако се има предвид дека постои нешто повеќе од две години. Воедно тоа е добра вест и за Фејсбук, во чија сопственост е Инстаграм.

Компанијата  eMarketer предвидува дека Твитер оваа година ќе заработи 130 милиони долари од реклами, скоро двојно повеќе од Фејсбук.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска