Компанијата Блу Ориџин во октомври ќе изведе тест на новите карактеристики на ракетата Њу Шепард (New Shepard) која наскоро во Земјината орбита може да прати први туристи.
И додека компанијата вредно работи на усовршување на повторно употребливите ракети, слично како и компанијата Space X, Блу Ориџин во почетокот на октомври ќе изведе тестирање на системот за одвојување на капсула во која ќе бидат вселенски туристи и астронаути.
Системот подразбира одвојување на капсулата од остатокот од ракетата во случај на детектирање на проблем. Капсулата која овој пат ќе биде празна ќе се одвои од Њу Шепард на висина од околу 5.000 метри, а потоа ќе се спушти на Земјата со помош на три падобранци.
Самата ракета, од друга страна, не е дизајнирана да преживее одвојување од капсула во случај на детектирање на проблем, така да шансите за „преживување” на системот на погонот се сведени на минимум.
Тестот за разлика од претходните летови ќе се следи во живо преку интернет, но компанијата засега не го објавува точниот датум на настанот.