Близначките Луис и Мартин Фокенс (70 г.) од Амстердам 50 години „работеле“ како проститутки и во тој период се „забавувале“ со 355 илјади мажи.
Сестрите после повлекувањето објавиле книга во која ги откриваат сите тајни на порно индустријата.
Луис открила дека од „бизнисот“ се повлекла пред две години заради артритис, а во проституцијата ја втурнала беспарицата.
„Пријателите на мојот маж ни сугерираа дека е тоа најдобар начин да се заработи, па се решивме да пробаме. Најпрво родителите негодуваа, но покасно научија да живеат со тоа“ раскажува Луис која имала 20 години кога почнала со проституцијата. Нејзината сестра Мартин сеуште неколку пати неделно ги задоволува клиентите.