За 10 години ќе има 10 милиони Тесла возила на улиците, се наведува во прогнозата на американската инвестициска банка Морган Стенли.
Аналитичарот во Морган Стенли Адам Џонас ја претстави глобалната проекција на растот на бројот на електричните автомобили на Тесла на патиштата, заклучно со 2040 година.
Според таа прогноза, во 2028 година во светот ќе се возат 10 милиони возила на Тесла, додека границата од 20 милиони автомобили на овој калифорниски произведувач ќе биде надмината во 2035 година. Доколку се исполнат прогнозите, на патиштата ширум светот во 2040 година ќе се движат дури 32 милиони возила на Тесла.