YouTube новата опција ја тестираше пред неколку месеци, но сега ја објави како јавна бета верзија со одреден број луѓе.
YouTube ја изнесе YouTube Community, се работи за вид на друштвена мрежа која на корисниците на популарниот сајт ќе им овозможи полесно да комуницираат.
Корисниците ќе можат да комуницираат по пат на текстуални пораки, GIF анимација, фотографија и со уште многу други работи.
Целта на YouTube Community е творците на содржина да го спречат одењето на други страници за споделување и промовирање на содржини, но исто така и за комуницирање на гледачите со поставените содржини.
Се очекува оваа опција во наредните месеци да им биде достапна на сите.