Yahoo го купува Tumblr за милијарда долари?

Од:

Раководството на компанијата Yahoo овие денови ги завршуваат првите преговори со претставниците на блог сајтот Tumblr, а цената која се споменува во врска со преземањето достигнува и до милијарда долари.

Повикувајќи се на добри извори,порталот AllThingsD,наведува дека се во прашање сериозни преговори кои се уште се во фаза на почетни договори. Од друга AdWeek во својот извештај наведува дека преговорите се одвивале околу бројка од милијарда долари.

“Yahoo мора да порасне и да се поврзе со својата публика на подобар начин а Tumblr би можел добро да ја искористи позицијата на нивното главно оружје –тоа се пред се почетната страна на Yahoo како и бројните други предности во областа на дигиталните медии“ ,пишува AllThingsD.

Во анализата се наведува и тоа дека Tumblr и онака го користи помладата и помобилната публика што се поклопува со новите визии на водечките луѓе на Yahoo.

Мариса Мајер извршна директорка на компанијата Yahoo, воведе бројни новини откако дојде на таа позиција. Меѓутоа неиден од нејзините десетина клучни потези нема толкави размери како што би имало потпишувањето на договорот со Tumblr.

Основан во февруари 2007 година,Tumblr израсна во компанија со 175 вработени во претставништвата низ САД. Дневно на тој сајт се објавуваат околу 70 милиони постови на околу 108 милиони блогови.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска