„Xiaomi“ сакаат да го купат бизнисот на „GoPro“

Од:

„GoPro“ е најпопуларниот производител на „екшн“ камери, кој има милиони фанови низ целиот свет особено меѓу љубителите на екстремни спортови. Настаните околу компанијата се доста динамични во последниве неколку месеци и сега разбираме дека „Xiaomi“ е заинтересиран да го купи бизнисот на „GoPro“. Специјална понуда се уште не е направена. Лично, шефот на „GoPro“, Ник Вудман, потврди дека е отворен за разговори од слична природа.

Податоците на „Блумберг“ откриваат дека „GoPro“ дури ги ангажирал „JPMorgan Chase & Co.“ како советник за реализација на можна трансакција. Во моментов пазарната капитализација на компанијата е околу 761 милиони долари, што значи дека евентуално стекнување од „Xiaomi“ најверојатно ќе ги чини околу 1 милијарда долари. Откако информациите за интересот од страна на кинескиот производител се појави на Интернет, тоа испровоцира раст во вредноста на акциите на „GoPro“ од 8,8 отсто.

Преговорите меѓу претставниците на двете страни допрва треба да почнат. Ако договорот се оствари, тоа ќе ја претвори во највозбудливата аквизиција во светот на технологијата оваа година. „Xiaomi“ ќе добие ексклузивен пристап до уникатните патенти на „GoPro“ и ќе ја користи нивната технологија во своите мобилни уреди. Договорот ќе им овозможи да генерираат дополнителни приходи од лиценцирање на патенти за други производители во технолошката индустрија.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска