Конзолата на Microsoft, наречена Xbox 720 на пазарот ќе се појави во ноември, а цената ќе изнесува 499 долари.
Блогерот Пол Турот, кој порано објави дека „Xbox 720″ ќе биде претставен на 21 мај, тврди дека конзолата ќе се најде во продажба на почетокот на ноември. Во понудата ќе бидат два модели по различни цени.
Првиот ќе чини 499 долари, а вториот, за кој е потребна двегодишна “Xbox Live Gold” претплата, ќе чини 299 долари.
Системот ќе биде базиран на “Windows 8”, што ќе му овозможи на корисникот на конзолата да користи слични апликации како оние на PC верзијата на оперативниот систем.