„Walker Audio“ го претстави најновиот грамофон PBD V

Од:

„Walker Audio“ грамофони, еден од најдобрите производители на грамофони во светот, го претстави најновиот модел PBD V, достапен по цена од 105.000 американски долари.

Компанијата „Walker Audio“, позната по „најдобриот грамофон некогаш произведен“ моделот „Proscenium Black Diamond“, сега го претстави најновиот модел „Proscenium Black Diamond V“, односно PBD V.

Легендарниот PBD на компанијата три пати и ја донесе престижната награда ТАС грамофон, плус 23 други индустриски награди.

PBD V сега има подобрување во протокот на воздух, врска со плочата и базата на моторот. Грамофонот, исто така, е изработен од специјален материјал што го намалува апсорбирањето на електрицитет и ги неутрализира ефектите на речиси сите ЕМИ, РФИ и микробранови, репродуцирајќи најчист квалитет на звук што може да биде чуен.

„Walker Audio“, исто така, користи и рачка со воздушна основа и пневматик со цел да обезбеди слушање без триење и резонанција. Рачката за линеарно следење помага и за елиминирање на грешките на плочата.  Звукот има неверојатно ниво на прецизност, додека басот на PBD V е неверојатно длабок и експанзивен.

Новиот PBD V ќе биде достапен по цена од 105.000 американски долари, а сопствениците на претходните модели на PBD ќе можат да ги надградат во најновата последна верзија на грамофонот.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска