ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори

Од:

Млад војник загина при скокање од хеликоптер за време на воена вежба, пишува „Сан“. Ужасното видео покажува седум поморски кадети како скокаат од хеликоптер и ги отвораат своите падобрани, додека последниот се бори да го отвори падобранот кој не функционира.

Кадетот Емануел Веласкез починал на местото на настанот. „Еден падна, побрзај“, се слуша како вели човекот кој снима се и вика лекар.

Трагедијата се случи на 1 јули за време на обуката на маринците во Шампотон, Кампече, Мексико. Засега не е познато зошто падобранот не се отворил.

„Изразуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство и пријателите со надеж дека љубовта што ја остави во нивните срца ќе им овозможи да го негуваат неговиот спомен. Знаеме дека нема утешни зборови што можат да помогнат да се олесни таквото големо страдање. Ние, кои живееме да и служиме на нашата нација, ги знаеме ризиците што ги носи нашата должност, затоа, кога ќе заминеме, знаеме дека нашето име никогаш нема да биде заборавено, драги млад кадету“, соопшти мексиканската морнарица.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба