Италијанскиот дизајнер Пауло де Ана, неодамна во Лондон ја претстави новата линија на креветчиња и аксесоари за кучиња „Пет Суперфајн“.
Лежалки како футуристички куполи, со правилен геометриски облик, со монограм или прекриени со познатите „Бисаж“ мозаик плочки, дизајнирани се пред се за на вашето милениче да му обезбедат удобност.
Сите парчиња се рачно изработени, од најквалитетни материјали – кожа, дрво, керамички плочки, челик па дури и бело злато.
Овие луксузно дизајнирани креветчиња одлично се вклупуваат во сечиј ентеритер.