Во Нов Зеланд забележан најголемиот бран во јужната хемисфера

Од:

Научници од Нов Зеланд забележаа бран од 23,8 метри, за кој се верува дека е најголемиот бран регистриран на јужната хемисфера.

– Ова е навистина возбудлив настан и според нашите сознанија ова е најголемиот бран воопшто забележан во јужната хемисфера, истакна Том Дурант, океанограф од метеролошката служба на Нов Зеланд.

Метеролошката служба соопшти дека бранот со височина на осумкатна зграда бил измерен во близина на островот Кемпбел во јужниот Пацифик.

Со оваа височина тој го надминува бранот од 22,03 метри измерен во 2012 година јужно од австралиската држава Тасманија.

Дурант наведе дека бранот е предизвикан од нискиот притисок и ветровите со брзина од 120,38 километри на час.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска