Во норвешкиот град Лонгиарбаен е забрането да се умре

Од:

Во Швајцарија е забрането да се пушта вода од тоалет по 22 часот
Ширум светот, секојдневно се донесуваат нови закони со кои се регулираат сите сфери на животот. Меѓутоа, некои од нив се чудни, дури понекогаш и смешни.

Доколку сонувате за бесмртноста, преселете се во градот Лонгиарбаен, кој се наоѓа во Свалбард, архипелаг во Арктикот кој го сочинува северниот дел на Норвешка.

Имено, во овој град е забрането да се умре. Причина за тоа е фактот дека заради ниските температури во текот на целата година телата не гнијат. На гробиштата последен пат е закопан човек уште од пред 70 години.

Доколку се најдете на смртна постела во овој град, властите ќе ве префрлат на копно, каде што може да умрете без страв од апсење. Во Сингапур, од 1992 година е забрането џвакање на мастики. Единствениот исклучок се никотинските мастики, но тие може да се добијат само со рецепт.

Кога јадете во било кој ресторан во Данска, не сте должни да платите за храната која сте ја изеле доколку, според ваше мислење, не сте сити по оброкот.

Ако некој од вработените на царина во Велика Британија ве малтретира, не се обидувајте да ја решите работата на суд.

Имено, членот 268 на законот за царина вели дека против вработените на царина не може да поднесете пријава во првите 30 денови по инцидентот, додека членот 272 на истиот закон вели дека пријавата мора да се поднесе во првите 30 денови по инцидентот.

Во Јапонија е забрането да се биде дебел. Иако нивото на дебелина во оваа земја е едно од најниските во светот, тоа не ги спречи Јапонците во 2009 година да донесат закон за максималниот обем на половината.

Мажите постари од 40 години не смеат да имаат обем на половината поголем од 80, а жените од 90 сантиметри. На Тајланд е забрането да се излегува од дома без долна облека, да се вози автомобил без блуза или да се гази врз пари.

Доколку се најдете на сафари во Кенија и вашиот локален водич одеднаш почне да се соблекува и да оди гол низ саваната, немојте да го следите неговиот пример. На Кенијците им е дозволено да одат голи, но на туристите не.

Во Данска, со закон сте обврзани секој пат пред да го вклучите вашиот автомобил, да проверите под него, за да бидете сигурни дека не заспало некое дете.

Доколку во некој случај завршите во затвор во оваа земја, немојте премногу да се грижите бидејќи со закон не е забрането бегањето од затворската установа. Во Швајцарија е забрането да се пушта вода од тоалет по 22 часот.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ