Во Јапонија отворено првото училиште за маскоти во светот

Од:

Сите оние кои сакаат да научат што навистина значи да се биде маскота, мораат да го посетат Токио, главниот град на Јапонија. Таму се наоѓа единственото училиште за маскоти во светот каде посетителите учат како да одат, танцуваат и да си играат.

Иако студентите од училиштето за маскоти Чоко Груп имаат за цел со своите перформански ги забавуваат децата, да се научат потребните вештини не е детска игра.

Училиштето го основала Чоко Охира, која и сама 20 години работела како маскота. Целта и е усовршување на овој вид уметност.

– Секогаш се разочарувам кога ќе видам дека некому му се гледа раката од костимот или ако му падне маската. Морам да ги поправам. Сакам да им покажам како во целост да се сродат со ликот кој го играат и како децата да ги направат среќни, рече Охира.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија