Соларно дрво со огромни квадратни листови кои ја претвораат сончевата светлина во електрична енергија е поставено во францускиот град Неверс и тоа е прво вакво дрво поставено во Франција.
Е-дрвото им овозможува на минувачите да ги наполнат своите мобилни телефони, нуди безжичен интернет или едноставно одмор во ладовина за тие кои сакаат да одморат.
Инспирирано од акацијата која расте во пустините и африканските савани, е-дрвото користи соларни панели за складирање на енергија и производство на електрична енергија, благодарение на сончевата енергија.
Првиот прототип е претставен во 2014 година, а тта година стеблото е поставено во Паркот на природата Рамат Ханадив во Израел. Од тогаш овие футуристички примероци се „засадени” во десетина градови во светот, најмногу во Израел, САД и во Казахстан.