Во четврток започнува фестивалот „Summerland” 2019

Од:

Оваа година за првпат во Скопје, ќе се одржи фестивалот Summerland 2019. Од 04.07-28.07 во срцето на Градски парк со главна бина на Школка, секојдневно ќе има богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти.

Покрај музичките изведувачи кои ќе настапуваат секој ден, во склоп на фестивалот ќе има и Fun зона со друштвени и видео игри, флипери, фудбалчиња и табла. За најмладите ќе има детско катче со едукативни и забавни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено и уште многу содржини кои ќе го направат летото во Скопје незаборавно.

Отворањето на „Summerland” е во четврток, а забавната програма ќе се одвива секојдневно од 18:00-00:30. Летната забава на Школка, во четврток ќе започне со групата „Нокаут“, а викендот е резервиран за трибјут настапи- во петок, ЕКВ, Бјиело Дугме Трибјут и Ѓорѓе Балашевиќ Трибјут, во сабота и недела пак, странски артисти кои прават светски шоуа со трибјути на Арктик Манкис и Џо Кокер и Ајрон Мејден и Металика.

Фестивалот „Summerland” е под покровителство на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

18-годишна девојка во центарот на Скопје била нападната од манијак

Горан Наумовски

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

Скопје под снег, врнежи во цела Македонија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Разбојник со нож при неуспешен грабеж повредил продавачка