Можеби е со стотици километри оддалечен од најблиското море, но Варшава конечно најде начин на своите жители да им овозможи да уживаат на плажа.
Повеќе од 1.000 тони песок ќе бидат транспортирани до областа што се простира ширум североисточниот дел на плоштадот Дефилад.
Идејата е жителите на Варшава да добијат место на кое можат да уживаат во долгото топло лето, исто како да се на море.
„Радио Поланд“ јави дека покрај плажниот мобилијар, кафулињата и рекреативниот комплекс, градско јадро ќе добие и терен за фудбал на песок. Освен тоа, ќе бидат направени и терени за одбојка на плажа и бадминтон.
Градот планира „плажата“ да ја отвори кон крајот овој месец, а се надева дека ќе работи се до средината на септември.