Американсканскиот Универзитет на Канзас работи на проект за куќа опремена со сензори коишто ќе собираат биометриски податоци за луѓето кои живеат таму, со што ќе го следи нивниот здравствен статус.
Централниот систем потоа ќе ги анализира податоците и преку нив ќе им кажувва на луѓето какви ризици ги следат, велат научниците.
Што ќе прави „паметната“ куќа? Таа со т.н. паметни огледала и преку сензори, ќе може да детектира нови бенки и дамки кај нас, или пак, повреди и гребнатини кои не сме ги забележале. Ќе го мери и времето на нашето отсуство од домот, времетраењето на сонот, и се разбира – колку пати одиме во тоалет.
Научниците велат дека програмата ќе може автоматски да испрати предупредување во случај на сопнување или при откривање на рана фаза на Алцхајмеровата болест.
Се очекува резултатите од проектот да бидат образложени на експертска конференција во јуни.