Во близина на Амазон, научниците пронашле посебен вид на слепа змија која живее претежно во вода и според многумината проценители изгледа како машкиот полов орган.
Научниците пронашле вкупно шест вакви примероци уште пред еден месец од кои два задржале на испитување, два им избегале во реката, а два досега веќе починале.
Во почетокот мислеле дека се работи за некој вид на гуштери, или жаби, но сега откако го пронашле последниот влекач, долг еден метар, утврдиле дека станува збор за посебен вид на змија.
„Претпоставуваме дека овие змии дишат преку кожата и се хранат со мали црви, но не сме сосема сигурни”, заклучи биологот Џулијан Тупан, кој допрва ќе испитува за што се работи. Засега само знаат дека овој вид на змии не се опасни по животот.