Русинот Иполит Бодунов е казнет со скоро 10.000 евра, оти се обидел да прокриумчари 4.788 пијавици во рачен авионски багаж на лет од Русија до Канада.
Тој е уапсен кога при слетувањето, кучињата ја намирисале неговата торба.
Потоа е утврдено дека внатре се наоѓаат пијавици од родот хирудо вербана, кои се користат за медицински цели, но и подлежат на регулатива со којашто се контролира трговијата со диви животни.
Бодунов е обвинет за незаконски извоз на пијавици и е казнет со парична казна од 15.000 канадски долари.