Владо Јаневски, Влатко Лозановски, Фолтин. за Нова Година на плоштадот во Битола

Од:

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска на предновогодишна средба со новинарите ја соопшти програмата за дочек на Нова Година која традиционално локалната самоуправа ја организира на плоштадот „Магнолија“.

– За изборот на ѕвездите од македонската естрада најголемо влијание извршиле младите битолчани, но и другите сограѓани од сите генерации кои не пропуштаат највеселата ноќ и дочекот на новата година да го прослават на плоштадот во Битола, посочи Талески.

Битолчани ќе бидат заедно со најпопуларните и најбараните, со Владо Јаневски, Влатко Лозановски, Димитар Андоновски и Виктор Апостоловски, но и со групите „Фолтин“, „Силви Бенд“ и „Боеми“. Музика за сечиј вкус ќе понудат и групата „Баклава“, Нико, „Памперс“ и Сефедин Бајрамов, но и други познати имиња.

Општинската новогодишна програма ќе почне на 29. декември со избрани содржини за децата, ќе продолжи наредниот ден со детски театарски претстави и настап на комичарот Марјан Ѓоргиевски, а на 31 декември забавната програма ќе се одвива од 11 часот до 2 часот по полноќ.

Традиционално, на 1 јануари градоначалникот Владимир Талески на првите новородени жители на општина Битола ќе им врачи пригодни подароци во одделението за неонатологија при Клиничка Болница во овој град.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов