Жителите на боливискиот главен град Ла Паз одлучиле по повод 203 години од ослободувањето на градот да направат торта висока 5 метри.
85 мајстори и нивните ученици работеле една недела на џиновската торта во три смени. Во неа има 11.000 јајца, стотици килограми брашно, шеќер, какао и 300 литри млеко.
10.000-те парчиња од тортата им беа поделени на граѓаните на Ла Паз, а инспирацијата за тортата на слаткарите им била највисоката планина во Боливија – Илимани.