Витаминот Ц може да предизвика камен во бубрег

Од:

Витаминот Ц се препорачува и се рекламира како полезен и здрав за употреба, но една нова шведска студија покажува дека преголеми количества можат да го зголемат ризикот од појава на камен во бубрег.

Истражувачи при Каролинскиот институт во Стокхолм во спроведено испитување со кое биле опфатени 23.000 мажи во Оребро и во регионот Вестманланд во период од 11 години, вршеле споредби околу поврзаноста на каменот во бубрег и конзумирањето на Ц-витамински таблети.

Кај оние кои користеле Ц-витамини како додаток во исхраната, ризикот да бидат погодени од камен во бубрегот бил двојно поголем, јави дописникот на МИА.

Колку почесто го конзумирале витаминот, толку повисок бил ризикот.

Споменатата шведска студија е презентирана во списанието „Јама интернал медицине“.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска