Куќата во Мумбај од рециклирани материјали создава неверојатен премин меѓу традиционалниот стил и современата функционалност.
Во куќата вградени се рециклирани прозорци и врати монтирани на фасадата, додека многу од предмнетите поседуваат остатоци од бојата.
Стаклото на прозорците и вратите е обоено со што дневната соба добива пастелни нијанси. Индустриските метални цевки ги украсуваат ѕидовите, додека столбовите стари еден век го потпираат таванот.
И ентериерот е мешавина на старо и ново, каде удобниот, класичен мебел претставува контраст на бетонските бели површини или се претопува со ѕидовите обложени со традиционални плочки и делови од трска.
Пространиот дом е дизајниран на начин да овозможи комфор за четири различни генерации од едно семејстви и големи соби кои завршуваат со стаклена тераса на покривот.