(ВИДЕО+ФОТО) Излекувал 5.000 лица од карцином: Марихуаната во Србија мора да се легализира

Од:

Со цел да ја подржи борбата на српското Движење за легализација на канабис за медицински цели, во Белград на кратко престојувал Рик Симпсон од Канада.

Тој е еден од најголемите борци на светот за легализација на марихуаната во медицински цели, односно човекот со кој со масло од канабис излекувал повеќе од 5.000 лица, меѓу кои и себе си откако пред 12 години му бил дијагностициран најтежок облик на карцином на кожата.

– Мислам дека е извршен неопходниот притисок на владата на Србија, како и на властие во регионот да го остварат она што го посакувавме и легализацијата на марихуана за медицински цели да заживее на пролет. Сега ни преостанува потешкиот дел од борбата во кој мора да се избориме за продажба на марихуаната, која би ја имало во државните аптеки, но и за слободно одгледување на ова растение, на чие благотворно дејство сите имаме природно право- вели Рик и додава дека секојдневно се соочува со стотина барања на тешко болни лица, кои го молат да ги излекува со масло од канабис.

Според наводите на српски „Телеграф“, тој на сите кои ќе побараат помош од него им го испраќа линкот од неговиот сајт на кој е објавен рецептот за подготвување на чудотворното масло од канабис, кое како што вели Рик воопшто не се разликува од маслото кое што тој го подготвува.

Меѓу најчестите грешки кои што ги прават заболените, Рик го вбројува истовременото користење на маслото од канабис и употребата на лекови, кои што ги препорачуваат оноколозите.

lecenjeKanabis2

-Луѓето едноставно не сфаќаат дека алтернативното лекување со канабис никако не смее да оди во комбинација со хемотерапијата. Друга најголема грешка е употреба на лажни масла од канабис – нагласува тој.

Меѓу илјадниците неверојатни приказни за луѓето кои Симпсон ги излекувал е и приказната за 80-годишен старец, кој боледувал од карцином на белите дробови.

-Човекот имаше отоци од хемотерапија, со отворени рани на нозете и не можеше да диши. По прогнозата на лекарите дека ќе живее уште 48 часа, син му го донесе кај мене и му дадов од маслото. За само половина час, човекот започна нормало да диши и во тек на ноќта состојбата се стабилизира-раскажува Рик.

lecenjeKanabis

За потсетување тој започнал да одгледува марихуана во оној момент кога му била потребна како суровина за лекот. Полицијата неколку пати вршела упад на неговиот имот, бил затворан, а платил и казна од 2.000 долари бидејќи бил обвинет за одгледување, поседување и продажба на марихуана.

Инаку претставникот на движењето за легализација на канабис за медициснки цели во Србија Антоније Ковачевиќ изјави дека директорот на болницата „Свети Сава“, Милан Савиќ до Министерството за здравство ќе предаде официјално барање за легализација на марихуаната.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Вакцините против рак и против срцевите болести ќе бидат готови до крајот на оваа декада

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

Здружението Љубов сме/Jemi dashuri поднесе претставка до МЗ со барање за измени на здравствената законска регулатива на заболените од карцином

Ана Ололовска

Белгиски универзитет објави откритие за спречување на метастазирање на ракот

Стоилковски: Нема терапија за заболени од карцином, тендерот не е по мерка на ДУИ СДСМ?