Околу 10 отсто од вкупната површина на Исланд е прекриена со мраз, а островот има и околу 300 глечери. Сокриени под нив се наоѓаат спектакуларни ледени пештери.
Најпозната од нив е Кристлната ледена пештера, која што се наоѓа под Ватнајекидла, најголемиот исландски и еден од најголемите европски глечери. Откриена е во 2007 година од страна на фотографот Ејнар Сигурдсон.
Нејзината внатрешност е целосно сина, поради недостатокот на воздух во мразот. Во неа може да се видат и трагови од петел од вулканските ерупции.
Сезоанта за посета на овие пештери, трае од ноември до март. Не е препорачливо да се шета во нив без водич, кој може да процени дали пештерите во тој момент се безбедни за посета.
Бидејќи глечерите постојано се движат, нови пештери се појавуваат нон стоп, додека старите исчезнуваат.