Лајбах е првиот бенд кој ќе настапи во Северна Кореја, земјата позната по војата изолираност и големиот лидер кој му пркоси на Западот.
Турнејата наречена „Денот на ослободувањето“ се поклопува со 70-годишнината од ослободувањето на Корејскиот полуостров од јапонската колонизација и поделбата на две непријателски држави кои се уште се во постојан конфликт.
Концерите се закажани за 19 и 20 август во Пјонг Јанг, а тие ќе бидат искористени и за документарниот филм чика премиера е закажана за следната година.
На концерот ќе бидат изведени најголемите хитови на бендот од изминативе 35 години, како и народни севернокорејски песни.
На листата е и песната „We Will Go To Mount Paektu”, една од најпопуларните во Северна Кореја која ја изведува женскиот бенд „Moranbong”.
Планината Паекту е највисокиот врв во Северна Кореја кој според нивната митологија е местото каде е родена корејската нација.