Вчера, пакистански државјанин првпат полета во вселената, во мисија на вселенската туристичка компанија Virgin Galactic, што е нејзин петти успешен комерцијален лет во последните пет месеци. Намира Салим е првата личност „од Пакистан што полета во вселената“, објави Вирџин Галактик, истакнувајќи дека таа е и државјанин на Обединетите Арапски Емирати и Монако.
Салим е зависник од адреналин и веќе патувала на двата пола и скокала со падобран над Еверест, а е меѓу првите клиенти кои купиле билет за вселената за компанијата во сопственост на британскиот милијардер Ричард Бренсон. „Ми се допаѓа титулата „прв пакистански астронаут“, рече Салим и се довери дека уште од мала сонувала да лета во вселената.
Со неа вчера на вселенскиот лет беа Американецот Рон Росано и Британецот Тревор Бити. Во реализацијата на комерцијалните летови, Virgin Galactic се натпреварува со Blue Origin, сопственост на милијардерот Џеф Безос, кој предлага и суборбитални летови и веќе испрати 31 лице во вселената.
Но, по несреќата на беспилотниот лет во септември 2022 година, истрагата беше отворена и завршена на крајот на септември со барање на американскиот воздухопловен регулатор да направи промени за да може летовите да продолжат. Блу Ориџин соопшти дека „предвидува обновување на летовите наскоро“.