Џеф Безос и брат му ќе се качат на вселенски лет

Од:

Основачот на Амазон, Џеф Безос следниот месец заедно со неговиот брат ќе лета во вселената, во првиот вселенски лет на неговата ракетна компанија „Блу Ориџин“ (Blue Origin), најави милијардерот.

„Уште кога имав пет години, сонував да патувам во вселената и на 20 јули ќе тргнам на тоа патување со мојот брат“, објави Безос на Инстаграм.

Компанијата „Блу Ориџин“ го затвори првиот круг на апликации минатиот месец, а доби повеќе од 5.200 понуди од 136 земји.

Во моментов, најголемата понуда во вториот круг на регистрации на летови е 2,8 милиони долари, според веб-страницата на компанијата.

Процесот ќе трае до 10 јуни, а завршната фаза е на 12 јуни.

Компанијата планира да го изврши својот прв суборбитален лет со својот вселенски брод на 20 јули, што ќе биде пресвртница во конкуренцијата за реализирање на своето прво приватно комерцијално патување во вселената.

Претходно беше објавено дека „Блу Ориџин“ планира да им наплаќа на патниците најмалку по 200.000 американски долари за ова патување, засновано врз плановите на ривалот на Безос, милијардерот Ричард Бренсон, сопственик на „Вирџин Галактик“.

Би можело да ве интересира

Место за патување во вселената со Џеф Безос продадено за 28 милиони долари

Ана Ололовска

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

Новата јахта на Џеф Безос е толку голема што ѝ треба и „помошна јахта“

Ана Ололовска

Форбс: Богатството на Џеф Безос надмина 180 милијарди долари

Ана Ололовска

Богатството на Џеф Безос зголемено на рекордни 171 милијарда долари

Ана Ололовска

Богатството на Маск и Безос се зголемува и за време на пандемијата

А1он