ВИДЕО: Во Париз со часови се чека за влез во подземните гробници

Од:

Вљубениците на катакомбите бараат скриени влезови во подземната мрежа на тунели, обидувајќи се да се спуштаат низ канализација и подруми на стари куќи. Околу 20 метри под плоштадите и улиците, бетон, бучавата и сјајот на Париз, се наоѓаат поземни гробници кои датираат  од крајот на 18 век, меѓусебно поврзани со тесни ходници.

Со цел да се ослободат од пренатрупаните гробишта во Париз и да се спречи ширењето на инфекции и зарази, властите одлучиле дека коските од заедничките гробници треба да се пренесат токму тука во овие подзамни гробници, па се претпоставува дека денеска тука има околу 6 милиони останки. Меѓу нив се и некои од важните имиња на Француската револуција.

Во текот на Втората светска војна ваквите тунели се користеле за тајни средби и непречено движење, а денес приказната е дека тука живеат припадници на криминална група.

Сепак, и покрај сето тоа, младите луѓе во Париз се обидуваат да најдат начини да го заобиколат главниот влез, и често се обидуваат да влезат во подземни тунели, и најчесто ги користат канализациските отвори, па дури понекогаш пробуваат и низ подрумите на старите куќи.

Оние пак кои сакаат тоа да го напраат на легален начин треба да одат на плоштадот „Denfert-Rocherau“ каде што ќе бидат пречекани со предупредување дека доле има „мртви луѓе, па ако не се плашите од духовите од минатото, можете да поминете низ само дел од париските тајни“.

За влез во тунелите се чека со часови, а лушето се спуштаат низ пат кој се направен од 130 подземни скали. Инвалидите, луѓето со проблеми со срцето или белите дробови, како и децата, имаат забранет влез во тунелите. Исто така, пред влегувањето луѓето се предупредуваат да си понесат и јакна бидејќи температурат во тунелите е постојано иста, односно таа изнесува 14 степени целзиусови.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток