ВИДЕО: Во Еквадор полициски кучиња испратени во пензија со посебна церемонија

Од:

На црвен тепих и со интонирање на националната химна во Еквадор беа испратени во пензија 61 полициско куче.

По неколку години поминати во откривање дрога повеќето пензионирани кучиња ќе бидат вдомени од страна на нивните поранешни дресери.

Останатите ќе живеат во семејства, кои изразиле подготвеност да им овозможат достоинствен пензионерски живот.

Полициските кучиња во Еквадор просечно се ангажирани по девет години и главно помагаат во пронаоѓање кокаин.

Меѓу пензионираните на денешната церемонија имаше и 16 кучиња, кои помагаа во пронаоѓање на жртвите под рушевините по земјотресот од 2016 година во кој загинаа над 600 лица.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници