ВИДЕО: Во Босна, низ Балканот и низ Европа збогување со Халид Бешлиќ

Од:

Во Сараево и низ многу градови на Босна и Херцеговина поладнево се одржаа собири за простување со легендата на народната музика Халид Бешлиќ кој почина во вторникот. Најмасовен беше собирот во Сараево каде илајдници луѓе излегоа и со неговите песни му оддадоа последна почит. На настанот зборуваше неговиот син и познати личности од Босна.

Собири за последен поздрав со Бешлиќ имаше и во градови во Хрватска и во Србија, Црна Гора и во Словенија.

Со босански знамиња и со песни од Халид помина настанот во Париз. Собири имаше и во неколку граодови низ Германија каде имаше присутни од сите балкански земји.

Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

Роден е на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац и остави неизбришлив белег на музичката сцена на поранешна Југославија и пошироко.

Би можело да ве интересира

Почина Билјана Плавшиќ

Почина четиригодишниот син на пејачот Марјан Стојаноски

Почина Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм

Се истражува како почина брачен пар од Кина во стан во Скопје

Горан Наумовски

Почина Раиф Диздаревиќ

Почина норвешкиот крал Харалд