Британскиот актер Хенри Кавил кој го игра главниот лик во новиот „Супермен“ на своите фанови им покажа каков бил неговиот тренинг пред да стане „Човекот од челик“.
Актерот ја соблече маичката и покажа како се станува Супермен , со дигање на тегови и со многу работа во фитнес центар.
Во видеото може да видите како изгледа младиот актер без маица и како изгледа неговиот тренинг со тегови.