Серијата за форензичарот од полицијата во Мајами и сериски убиец Декстер Морган се ближи кон крајот, а фановите од 30. јуни кога ќе биде емитувана првата епизода од последната и осма сезона, ќе имаат прилика да видат како ќе заврши приказната.
Showtime го објави официјалниот трејлер за последната сезона, која продолжува онаму каде што застана приказната во седмата.
Во трејлерот може да се погледне емотивната состојба на сестрата на Декстер, Дебра, која не може да се помири заради она што го стори во финалето на седмата сезона.