Крег Гординер добро ја искористи 2020 година. Помина скоро 7 месеци во реновирање и на крајот стариот училишен автобус од 1999 година го претвори во модерен простор за живеење.
View this post on Instagram
Откако во мај купи автобус во Јужна Дакота, овој поранешен војник го возеше до Масачусетс и целосно го трансформираше. Неговиот модерен стан на тркала има дури и вештачки камин и машина за еспресо.
View this post on Instagram
Крег го подигна покривот за околу половина метар и сега е скоро три метри. Внатре постави кујна, софа, кревет и туш кабина со мијалник.
Она што е особено шармантно во овој необичен дом е тушот со ефект на дожд и прозорците на таванот што овозможуваат природна светлина да влезе во домот, а навечер овозможуваат чувство на спиење под ѕвезди.
На покривот има и соларни панели, така што домот е и енергетски ефикасен, а апаратите и уредите од не’рѓосувачки челик му даваат шик изглед.
Постои и платформа за моторот на Крег на задниот дел од автобусот. Сега на својот Инстаграм профил, каде го следат околу 13 000 луѓе, објавува слики од патувањата со неговиот невообичаен дом на тркала.